Се расчистува речното корито на река Сушица и се расчистува ул. „Железничка“

По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од ул. „15.ти Корпус“ до „Отпад“.

„Во изминативе три дена речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на реката.“– велат од претпријатието.

Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена“ денес и утре ќе ја расчистуваат детално улицата „Железничка“ по целата нејзина должина.

„Ангажирани се 10 работници кои ги отстрануваат наносите од песок и земја покрај граничниците од коловозните ленти и ги метат јавните пешачки површни.“– додаваат од претпријатието.

FotorCreated3jpg