Се чисти УЗ „Гоце Делчев“

Денеска екипите на „Услужна хигиена” спроведуваат акција за генерално чистење на УЗ 12 „Гоце Делчев” (Бараки). Бидејќи сообраќајниците од оваа населба се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 год., темелно се метат јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистува расфрланиот отпад.

FotorCreated9