Денес е Меѓународен ден на среќата: Овие 10 трикови ќе ви помогнат секогаш да бидете весели и насмеани

Среќата може да се научи и да се вежба. Почнете уште денес, зошто денес е Меѓународен ден на среќата. Овие 10 трикови, кои се резултата од истражување на 100 најпознати светски психолози, учители и духовници, ќе ви помогнат да научите  како насмевката да не ви се симнува од лицето.

Среќата ја прават малите работи, секојдневни ситници на кои често и не обврнуваме внимание. Ако сакате да се чувствувате подобро и генерално да бидете посреќна личност, за тоа не ви е потребно многу.

ПРИФАТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ

Истражувањата покажаа дека среќните луѓе имаат скромни очекувања и аспирации. Го сакаат тоа што можат да го добијат и не тежнеат кон нереални сништа. Ги избегнуваат разочарувањата.

„Среќните луѓе имаат реални цели и затоа се среќни. Поентата е да уживате во благодатите кои ги имаат, а на да се жалите. Тоа е губење време“, кажал др Хосе Де хесус Гарсија, од Универзитет во Мексико.

УЖИВАЈТЕ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ

Работете го тоа во што уживате. Тоа е најдобриот рецепт за среќа. Не работете некои работи само поради пари, славата и моќта.

ЖИВЕЈТЕ ЗА СЕГАШНОСТА

Не жалете за потрошените пари, за некогашните неуспеси, лошите избори. Не сонувајте и не ја идеализирајте премногу иднината. Никако не се грижете за работите однапред, на нив не можете да влијаете, само напразно ја трошите енергијата.

ОДБЕРЕТЕ ЈА СРЕЌАТА

Не се плашете да направите чекор назад и да ги анализирате своите цели. Замислете го својот живот како приказна која може да ја поправите, допишете и измените. Ваквиот флексибилен пристап бара позитивно размислување. Всушност треба да одберете да бидете среќни.

ВРСКИТЕ СЕ ВАЖНИ

На нашата среќа може да влијаат и другите луѓе. Ако од нив добиваме поддршка и ако им даваме одредено задоволство и ние се чувствуваме подобро. Истражувањата покажаа дека се посреќни луѓето кои се во брак од тие кои се сами.

МИСЛЕТЕ ПОЗИТИВНО

Среќните луѓе во се гледаат позитивна страна. „Кога атлетичарите се подготвуваат за натпревар тие се фокусирани на победата, не на неуспехот“, кажала Миријам Акхарт, една од првите позитивни психолози во Голема Британија. Таа вели дека сите треба да размислуваме дека чашата е полна до половина,а не полупразна.

БИДЕТЕ ЗАПОСЛЕНИ

Ако имате намера да бидете среќни во животот, развијте ја својата личност да бидете отворени, силни, да сакате друштво и дружење. Луѓето кои секогаш се во тек со работите се задоволни, на нив им се случуваат најразлични работи. „Дружете се со луѓето, не се затварајте во себе. Тоа е основната карактеристика на позитивните луѓе“, појаснува Ејнкок м. Сух, професор по психологија на Јонсеј Универзитетот.

ОДБЕГНУВАЈТЕ СПОРЕДБИ

„Амбицијата е здрава и ги прави луѓето да се чувствуваат среќни, но љубомората има лошо влијани врз секој човек. Не се споредувајте со никој, во срцето бидете искрено среќни поради напредокот на другите и нивниот успех“, вели Клаудија Сеник, професор од Сорбона.

БИДЕТЕ ТОА ШТО СТЕ

Како што не треба да се споредувате со другите, така не треба ниту да размислувате што тие други луѓе мислат за вас. Задоволните личности се спонтани и природни.

ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ГРИЖИТЕ

Не прифаќајте се себеси премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, зошто знаат дека некои 90 отсто класични, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.

НЕКА ВИ Е СРЕЌЕН ДЕНОТ НА СРЕЌАТА

Генералното Собраните на Обединети Нации го прогласи 20 март за дата кога се одбележува Меѓународниот ден на среќата, давајќи и значење на среќата и хуманитарни универзални цели и аспирации во животите на луѓето ширум светот.

Извор:  Вистина.мк