Нов систем за наводнување по „Кеј Македонија“

Постоечкиот систем за наводнување на потегот од градскиот плоштад до хотел Палас, покрај пешачката патека по „Кеј Македонија“ е заменет со нов. Поставена е подземна инсталација на системот за наводнување и монтирани се 50 прскалки на овој потег.