Спречен обид за шверц на 120 кг режан тутун на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат денес после полноќ спречија обид за шверц на 120 кг режан тутун.

Околу 02:30 часот после полноќ, на излез од Република Македонија на граничен премин Табановце-автопат пристигна товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Д.М. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот се пронајдени 120 паковки од по 1 кг режан тутун.

Стоката е привремено одземена, а против сторителот е отпочната соодветна постапка.