„Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 211 лица

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1156 лица, потоа преглед на 18 ПМВ, извршен преглед на 55 лица и поднесени 382 извештаи за непосредно забележани лица.

По основ на телеграма приведени се 26 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – седум лица, под сомнение за извршено кривично дело – 22 лица, по извршено кривично дело – 14 лица, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени две лица, за издржување на казна затвор – седум лица, за утврдување на идентитет – 17 лица, за недозволени предмети по основ на прекршоци – две лица и приведено е едно лице (странски државјанин) со нерегулиран престој во РМ;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37 лица
– за учество во тепачка – 23 лица
– за физички напад – осум лица
– омаловажување на ПС – две лица

За напад на службено лице чл.383 од КЗ на РМ – две лица

Вкупно приведени лица со оружје – девет лица
– со сигнален пиштол – пет лица
– со пиштол – две лица
– пушка – едно лице
– преправено или рачно изработено оружје- едно лице

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – седум лица
– со НН тревкаста материја – пет лица
– со НН прашкаста материја – две лица

Вкупно приведени лица со ПМВ – 41 лице
– по телеграма – 26 лица
– непоседување на соодветна документација – две лица
– поради сомнение за извршено кривично дело – три лица
– сторен сообраќаен прекршок – седум лица
– сторен царински прекршок – три лица

Вкупно приведени лица со ТМВ – едно
– не поседување на соодветна документација за товар – осум лица

Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – девет лица

Останати активности:
– предадени осум лица поради нарушен ЈРМ
– предадени осум лица – сторители на кривични дела
– предадени 38 лица за сторен сообраќаен прекршок
– три останати случаи за предадени лица
– пронајдени и предадени едно ПМВ и три други предмети кои потекнуваат од кривично дело
– предаден еден мотоцикл и
– пронајдено едно возило барано по телеграма.

Извршени едно обезбедувања на лице место, 18 обезбедувања на лица, изготвени девет оперативни информации, дадени 16 асистенции при вршење претрес на дом и други простории, една асистенција за потребите на службите на Министерството и една асистенција дадена на други надлежни институции. Постапено по РОА, предадени пет патни исправи, пронајдено и предадено изгубено женско лице и пронајдено безживотно тело.