Вчера издадени 2.217 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.11.2015 издадени се потврди на вкупно 2.217 странски државјани, од кои 1.174 се од машки пол, 406 се од женски, 534 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 103 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-853, Авганистан–624, Ирак-323, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 16.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 253.369 странски државјани, од кои, 149.859 се од машки пол, 38.340 се од женски, 51.994 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.175 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-156.530, потоа Авганистан-55.585, Ирак-20.564, Иран-5.894, Пакистан-5.303, Палестина-2.122, Сомалија-1.270, Бангладеш-1.205, Мароко-1.162, Конго-514, Либан-428, Алжир-430, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 16.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 16.11.2015 година евидентирани се вкупно четири баратели на азил, еден маж, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита два баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и еден маж ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови

15.11/ 21.00 ч. – 16.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на : 247 лица

Вода 333 лит.
Пакети со храна: 41
Бисквити: 4 кутии ( х 100)

Бебе сет 7
Ќебиња: 87
Пелени за бебе: 11
Млеко за деца 4
Чоколадно млеко 40
Рефус храна: суво грозје, сардини, двопек

Гевгелија

Укажана прва помош на : 654 лица
Вода 723 лит.

Пакети со храна: 247
Пакети со хигиена:27
Бисквити: 17 кутии ( х 100)
Ќебиња: 297
Чорапи 24 пара

Чоколадно млеко `108
Транспорт 13 лица.