Бројот на туристи од Србија во константен пораст

Од 18ти до 21ви февруари 2016 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија.

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот на виски и културни.

Бројот на туристи од Србија во Македонија бележи константен раст од 4-6% на годишно ниво во последните 5 години, а за наредната година приватиот сектор од двете земји очекува тој тренд на раст да продолжи.

За 2016-та година земја партнер на саемот за туризам во Белград е Република Словенија, додека идната година е предвидено да биде Република Црна Гора. Очекувањата се дека во 2018-та година Македонија ќе биде земја партнер на белградскиот саем за туризам.

Саемот за туризам во Белград кој има 30 годишна традиција и оваа година им посака добредојде на повеќе од 1000 излагачи, а само првиот ден броеше над 60 000 посетители. Ова е прв саем годинава на кој Република Македонија ќе ги претстави своите потенцијали, а наредниот месец тоа ќе го стори на саем за туризам во Ниш.