Спортски ден за децата од сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

По повод интернационалниот ден на Спортот 6ти април ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ организира спортски ден за децата ( средните и големите групи ) од сите објекти при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

ЈП „Билјанини Извори“ за децата организираше превоз со панорамскиот двокатен автобус до СРЦ „Билјанини Извори“ каде беа пречекани од вработените во претпријатието кои потоа ги прошетаа низ спортските објекти.

12963898_1301839776510702_1152609236917187122_n

Децата беа запознаени со спортската инфраструктура при центарот како и со спортовите за кого се наменети објектите. 

ЈП „Билјанини Извори“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и во иднина ќе организираат спортски денови и спортски активности за најмладите.

12472571_1301838799844133_3298650782663340572_n (1)