Нина Балабан – прв потврден учесник на ОИ Рио 2016

NinaBalabanМакедонскиот олимписки комитет (МОК) во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (Трипартитна комисија), обезбеди покана за учество на Нина Балабан на ОИ РИО 2016, со што Нина е првиот потврден учесник од Република Македонија на олимписките игри Рио 2016.

МОК во изминат период во целост ги финансираше сите настапи на Нина Балабан како олимписки стипендист, при што Нина оствари “MQS“ резултат односно постигна минимален резултат за добивање на покана од страна на ИОК за учество на ОИ Рио 2016.