ЈП Дебрца: Уште една лага на СДСМ-Дебрца во однос на кантите за комунален отпад

Јавното претпријатие „Дебрца“ денес испрати реакција во врска со соопштението на ОО на СДСМ Дебрца испратено на 24ти септември СДСМ: Каде завршија кантите за отпад кои општина Дебрца ги набави преку Бирото за регионален развој?

„Обвинувањата коишто беа изнесени во медиумите од страна на СДСМ-Дебрца дека 100 канти за комунален отпад се транспортирани со село Корошишта како наводна компензација за некакви услуги се тотална невистина и лага, имено ЈП за комунална дејност „Дебрца“ ја информираме јавноста дека поради просторни услови во салата која се нао|а во скоп на општината за нивни потреби како и поради поголема побарувачка на канти за комунален отпад во селата Мешеишта , Волино,Требеништа ,Оровник и Горенци бевме приморани да извршиме транспорт и истите ги складираме во културниот дом во с.Мешеишта .Имено ги известуваме жиителите на општина Дебрца дека канти за комунален отпад сеуште можат да набават под постоечките услови на 12 еднакви рати по 100 денари.“- стои во реакцијата.