Во четврток отворен ден на АХВ во Охрид

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во четврток во Охрид (Подрачна единица на Агенцијата за храна и ветеринарство – Општина Охрид ), ќе одржи Отворен ден за компаниите и граѓаните од Охридско – Струшкиот регион. Отворениот ден ќе се одржи од 12,00 до 15,00 часот и на него заинтересираните ќе можат да остварат непосредни средби со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, да се запознаат со надлежностите и работата на институцијата, да добијат стручна помош во остварувањето на права од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните и да постават прашања за теми кои се од нивни интерес, а кои се непосредно поврзани со работата на Агенцијата.

За учество на Отворениот ден кој ќе се одржи во Охрид, заинтересираните компании и граѓаните потребно е да се најават на телефонските броеви 02/ 2457 895 и 02/ 2457 893 или на електронската адреса info@fva.gov.mk.

До средината на ноември, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство ќе остварат средби со компаниите и граѓаните и од Прилеп, Велес и од Скопје.