Прослава по повод 65 години од раѓање и 35 години археиерејско служење во МПЦ-ОА на митрополитот Тимотеј

Македонска православна црква Охридска архиепископија Дебарско–кичевската епархија Охрид,  ги известува своите православни верници дека утре (сабота), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 16:00 часот ќе се служи воскресна Вечерна богослужба по повод Јубилејот 65 години од раѓање и 35 години архиерејско служење во МПЦ-ОА на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. На Вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

На 06ти ноември (недела), Прослава по повод 65 години ОД РАЃАЊЕ И 35 години АРХИЕРЕЈСКО СЛУЖЕЊЕ ВО МПЦ-ОА НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ.

Во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид. 8:45 часот дочек на Архиереите на МПЦ-ОА, во 09:00 часот Света архиерејска Златоустова литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, со останатите архиереите на МПЦ-ОА.

По завршувањето на литургијата следи промоција на петте тома „Охридски Источник“ од Митрополит Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во катедралната црква Св.Софија – Охрид. (едноцрквие).