Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

НК КР Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.12.2016 година полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што во неговата спална соба пронашле пакување со 1,57 грама наркотична дрога хашиш, која ја набавил од непознато лице од Р Албанија.