Украдени садници од спомен паркот на паднатите борци

На 7-ми Ноември минатата година Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид со своите млади членови ја спроведе акцијата „31 туја за 31 паднат борец при ослободувањето на Охрид“. Но, група вандали на нечовечки начин украле 15 туји, притоа непочитувајќи ја историјата на паднатите млади животи, заштитата на флората во националниот парк „Галичица“, но и младите кои за прв пат засадија садници и се радуваа на своето дело. 

„Се надевам релевантните институции како СВР Охрид и НП „Галичица“ ќе преземат соодветни дејствија како би се расветлил и не би се повторил овој немил чин. Вандалите не можат да откорнат и украдат садници колку што ние можеме да посадиме. Нашата волонтерска мисија продолжува со уште поголем ентузијазам, желба и младешка енергија. – изјави на прес-средбата која се одржа кај спомениците на револуцијата Охрид, Теа Петковска, претседател на млади при Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid