Се чистеше кај Градска плажа

По налог на комунална инспекција беше извршено чистење на потегот од хотел „Мизо” до градското кале од трња, висока трева и друга неуредна вегетација.

Поради високата вегетација беше употребена специјална машина ИЦБ, возила за пренос на отпадот, двајца работници кои рачно косеа и работници за собирање хартија и друг отпад, за детално расчистување на целиот потег, информираат од претпријатието.