Во сабота ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“

Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентација на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од манифестацијата “Охридска софра” која ќе се одржи во сабота(02.09.2017) во селото Скребатно.

Програма

Охридска софра 02.09.2017

09:00 часот – Официјален почеток на манифестацијата
11:30 часот – Дегустација, оценување и сумирање на резултатите
12:10 часот – Обраќање на Градоначалникот
12:20 часот – Прогласување на победниците и доделување на наградите
12:30 часот – Музичка програма – Ансамбл Билјана