На денешната седница на централниот одбор на СДСМ што се одржа денес во Скопје, на чело со лидерот на партијата Бранко Црвенковски, беше донесена одлука за престанок на членството во редовите на СДСМ за Владо Бучковски и Димитар Бузлевски.
„Денеска донесовме одлука за престанок на членството во редовите на СДСМ, на Владо Бучковски, на Димитар Бузлевски и ја потврдивме одлуката на Општинската организација на Куманово за престанок на членството во редовите на СДСМ на Виктор Цветковски. Сите три одлуки се донесени едногласно.“ – истакна Црвенковски.
Според лидерот на партијата исклучените Бузлевски и Цветковски го прекршиле Статутот на партијата со тоа што се кандидирале како независни, додека пак Бучковски е исклучен затоа што работел спротивно на интересите на СДСМ и за нанесување на штета на партијата. За нови членови на партијата се избрани Никола Ќурчиев и Есад Рахиќ.
WebOhrid