Најдобрата Македонска фудбалска репрезентација против “А“ селекцијата на Данска ќе одигра пријателски натпревар на 6. февруари идната година. Дуелот против репрезентацијата рангирана на 22-то место на листата на ФИФА ќе се игра на националната арена “Филип Втори“ во Скопје.
Против Данска, нашата најдобра репрезентација го одигра првиот официјален квалификациски натпревар. Во циклусот за пласман на ЕП 1996, во Скопје, Македонија и Данска одиграа 1:1.
извор: ФФМ