Донесен буџетот за 2013 година

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 49. седница, со 65 гласови „за“, четири против и ниту еден воздржан, го донесе Буџетот за 2013 година.

Како што рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески главната цел на Буџетот за 2013 година е да се заштити социјалната стабилност на граѓаните и да се поддржи економскиот раст со капитални инвестиции.

Тој додаде дека вкупниот буџет има пораст кај речиси сите сектори, а најзразен е кај здравствоот 13, социјана заштита 10 проценти.

– „Во заштита на македонските граѓани предвидено е зголемување на пензиите за 5 проценти, почнувајќи со мартовската пензија, што заедно со очекуваната индексација на пензиите од 2 проценти, значи седум процентно зголемување на пензиите што е значајно во вакви околноти. Втората најранлива катетегорија примателите на социјална помош со новиот буџет ќе добијат пет проценти зголемување, која ќе се реализира, исто така, со мартовската исплата. Предвидени се средства за згоелмување на земјоделските субвенции кои во 2013 годоина ќе изнесуваат 135 милиони евра“, истакна министерот Ставрески.

Во Буџетот, како што потенцира, предвидено е рекордни ниво на капитални инвестиции што е за 10 проценти повисоко од оваа година, а со буџетот предвидено е да почне реализација на неколку крупни инфраструктурни проекти кои, како што рече Ставрески, ќе помогнат да се раздвижи македонската економија и да се оствари подобар економски резултат во вакви околности.

– „Со Буџетот за 2013 година, Република Македонија и натаму ќе стане меѓу 4-те најниско задолжени земји во Европа со умерено ниво на јавен долг и државен долг кој овозможува меѓународниот рејтинг на Република Македонија и во привлекувањето на инвестиции да биде на повисоко ниво“, изјави министерот.

Растот на БДП за следната година е предвиден на 2 проценти, кој, како што истакна министерот, главно се базира на очекуваното позитивно влијание на странските директни инвестиции и на капиталните инвестиции од Буџетот.

Според прифатениот Буџет, вкупните приходи се 147.957.000.000, а расходите се 165.652.000.000. Дефицитот ќе биде 17.695.000.

На седницата не присуствуваа пратеници од опозицијата, кои неколку часа не дозволуваа влез на нивните колеги од владејачкото мнозинство во пленарната сала, при што настана инцидент во кој беше нападнат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Пратениците од власта, сепак, успеаја да влезат, а опозицијата ја напушти салата.

На денешната седница и претходеа и протести пред Собранието на Република Македонија, едни  за да изразат револт поради блокада на буџетот од страна на опозицијата, а други за да искажат поддршка на опозициските ставови во врска со државната каса.

Дополнетиот предлог буџет, Владата го достави вчера во Парламентот по непродуктивната расправа за државната каса што траеше повеќе од еден месец. Опозицијата поднесе над 1200 амандмани, условувајќи го донесувањето на буџетот со намалување на трошоцита за 204 милиони евра.

Власта се согласи да прифати дел од амандманите со цел да се деблокира буџетот, што беше одбиено од опозицијата. Според владејачкото мнозинство, буџетот треба да се донесе, бидејќи неговото блокирање ги загрозува исплатата на пензиите, социјалните надоместоци, пензиите, земјоделските субвенции, платитет на јавната администрација, како и реализацијата на владините проекти.