Здружението на рекреативни риболовци, спортскиот клуб Свети Апостол Петар од Охрид изврши порибување на риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ (реките) со 6000 единки од охридска пастрмка. Порибувањето се изврши согласно договорот за концесија за користење на рибниот фонд од риболовниот ревир за спортско рекреативни цели.
Единките се прихранувани 9 месеци во инсталациите за одгледување на подмладок на Хидробиолошкиот институт од Охрид. Нивната просечна тежина е околу 6 грама, а должина осум сантиметри.
Порибувањето е извршено во присуство на преставници од Хидробиолошкиот институт и Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултура) со седиште во Охрид .
Концесионерот ЗРРСК Свети Апостол Петар во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултура) најавуваат зачестени контроли на риболовниот ревир, особено сега за време на мрестот на пастрмката.