Во малата сала на Општина Охрид беше означен крајот на првата фаза од проектот “Безбедни училишта“ во Охрид. Проектот е во организација на Мисијата на ОБСЕ, Општина Охрид, Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, а се спроведува во тритре средни училишта ОСУ “Св. Климент Охридски“, ОУТУ “Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ како и во основното училиште “Григор Прличев“.
Во првата фаза беше формирано координативно тело и школски тимови кои извршија испитување на учениците, родителите, вработените и опкружувањето на овие училишта околу проблемите со безбедноста. Проектот ќе продолжи со почетокот на второто полугодие во училиштата.