Ракометарите од РК “Охрид 2011“ и кошаркарите од КК “Лихнидос“ остварија средба со градоначалникот Александар Петрески и советниците Јоне Станковски и Љупчо Настоски.
Градоначалникот Петрески им се заблагодари за успесите кои ги постигнуваат во име на градот и им посака во иднина да бидат уште поуспешни.
Со двата клубови беше прецизирана идната соработка со Општина Охрид и помошта која во рамките на своите можности Општината може да им ја пружи.