Петнаесет луѓе досега се пријавени како мртви од силната снежна бура во САД, која се движи во северо-источните американски држави. Снежната покривка изнесува над 18 инчи (45 см).
Обилни снежни врнежи има и во источните делови на Канада. Стотици илјади луѓе останале без струја како резултат на бурата.
Според Националната метеоролошка служба, температурите може да се спуштат на речиси 20F (-6°C), а предупредуваат и на опасните услови за патување со речиси нула видливост на патиштата.
Смртните случаи беа пријавени во Кентаки, Охајо, Индијана, Арканзас, Оклахома, Тексас, Луизијана, Пенсилванија и Вирџинија.