Иран планира да го премести аеродромот „Ахваз“ кој се наоѓа на југозапад од Иран. Причина за тоа е откриената резерва на нафта која се наоѓа под аеродромот, поточно под пистата. Директорот на иранските компании за аеродроми изјавил дека Националната нафтена компанија планира да го купи аеродромот. Владата исто така ја одобрила релокацијата. Аеродромот претставува еден од најпрометните во Иран со околу 30 летови дневно, а со релокацијата би се овозможило и неопходното проширување.