Екипите на „Паркови и зеленило“, почнувајќи од утре, 09.01.2013 год. (среда), ќе спроведат акција за уредување на дрворедот од јавори на улицата „Јане Сандански“. Со оваа активност ќе се изврши кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од стручни лица. На овој начин ќе се обезбеди соодветна подготовка на дрвјата пред пролетното раззеленување и цутење, како и подобрување на условите за непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.
За непречено и безбедно изведување на планираните активности, надлежните апелираат до граѓаните и правните лица да ги отстранат паркираните возила.