На својата редовна седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оддржана на 8 јануари 2013 година, Извршниот Комитет донесе одлука за избор на претседатели на комисиите на ВМРО ДПМНЕ.
За претседатели на комисиите се избрани следните личности:
1. Комисија за политички систем – Гордана Јанкулоска
2. Комисија за финансиски и монетарни прашања – Зоран Ставревски
3. Комисија за надворешни работи – Никола Попоски
4. Комисија за стратешки прашања – Мартин Протуѓер
5. Комисија за енергетика – Владимир Пешевски
6. Комисија за правни работи – Билјана Бришковска Брошковска
7. Комисија за европски интеграции – Јован Андоновски
8. Комисија за здравство – Никола Тодоров
9. Комисија за труд и социјална политика – Спиро Ристовски
10. Комисија за образование – Панче Кралев
11. Комисија за антикорупција – Ванчо Каргов
12. Комисија за градежништво, урбанизам и транспорт – Миле Јанакиески
13. Комисија за телекомуникации – Иво Ивановски
14. Комисија за култура – Елизабета Канческа Милевска
15. Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство – Зоран Коњановски
16. Комисија за економија, индустија и рударство – Христијан Делев
17. Комисија за информатика – Марта Арсовска Томовска
18. Комисија за локална самоуправа – Сашо Лазаровски
19. Комисија за животна средина – Соња Лепиткова
20. Комисија за односи со невладини организации – Диме Спасов
Во составот на комисиите на ВМРО ДПМНЕ ќе членуваат истакнати професионалци, експерти, професори, припадници на академската средина и јавни личности, кои професионално имаат капацитет да допринесат во континуирано унапредување на политиките на ВМРО ДПМНЕ, во секоја од овие области.
Улогата на комисиите на ВМРО ДПМНЕ е во насока на размена на идеи, следење на светските трендови, примена на позитивни и ефективни политики, континуирано усогласување со политиките и регулативите на Европската унија, одржување на професионални контакти со специфичните организации и здруженија во секоја од областите поодделно и воспоставување на директен контакт со граѓаните, заинтересирани за секој од погоре споменатите сегменти од општественото живеење во Република Македонија.