Со одлука на министерот за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, за вршител на должноста командир на полициската станица од општа надлежност Охрид, е именуван Велко Спространов, досегашен главен инспектор од областа на јавниот ред и мир.
Командирот Спространов, кој во СВР Охрид работи од 1993 година, досега одговорно и успешно извршувал повеќе раководни функции во охридската полициска станица, езерската полиција како и во станицата за безбедност во патниот сообраќај.