Според анкетата на WebOhrid во која учествуваа 62 испитаници, од оние читатели кои ќе учествуваат на карневал, 80% се изјаснија за Вевчанскиот карневал, додека пак 20% за Курајчкиот карневал.
Вевчанскиот карневал започна синоќа со настапите на „Пука Козметика“, Верица Ристеска, Стрингс – Пламенка Трајковска Квартет, Скандал Састав и „Дивље Јагоде“. Додека пак Курајчкиот карневал започнува денес со посетата на традиционалните маски, зетот, невестата и ѓаволот (валегач), бајачот, пропратени со музика, низ сите куќи во селото.
Иако овие два карневали будат голем интерес, сепак нашите читатели, нив најчесто ги следат преку медиумите.
WebOhrid