Курајчкиот карневал oфицијално започна со посетата на традиционалните маски, зетот, невестата и ѓаволот (валегач), бајачот, пропратени со музика, низ сите куќи во селото. Денес од 18 часот ќе започне главниот дел од карневалот, на кој ќе продефилираат маскираните василичари. Традиционално, маските ќе бидат поделени во два дела, на детски и возрасни маски, а за најдобрите како и секоја година така и оваа се издвоени награди во одредена парична вредност. По прогласувањето на најдобрите маски ќе следува и огномет, а посетителите и гостите ќе може да се послужат со топла ракија и вино. Гостите и посетителите ќе ги забавуваат Татјана Лазаревска и групата Маестрал.