Македонија против Русија го одигра четвртиот натпревар на 23-то светско првенство во Шпанија.
Во прилично ефикасно, отворено прво полувреме, нашите играа добро, на моменти имаа и водство, но кон крајот на полувремето Русија ја презеде иницијативата и успеа со предност да замине на полувреме, со резултат 13-16.
Одлично второ полувреме одиграа нашите ракометари. Иако за момент се чинеше дека предноста што Русија ја стекна во првото полувреме е недостижна, Македонија борбено и по малку среќно успеа да го добие второто полувреме со 16-13, односно да изедначи на 29-29 за конечен резултат.
WebOhrid