Германска делегација во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Александар Петрески, денеска ја прими германската делегација од Северна Рајна Вествалија, предводена од Хелмут Дуда, бизнисмен и претставник на Здружението за Охридско-Рурско пријателство.

На средбата заеднички беше оценето дека Здружението за Охридско-Рурско пријателство е темел на долгогодишната соработка, особено на планот на туризмот и културата. Во иднина, како што беше речено, постои интерес за подобрување на бизнис соработката и привлекување инвеститори од Германија.

ger3