По 15 минутно барање на Светиот крст, 35 годишниот Јован Бабаче од Варош по 5-ти пат е најсреќниот охриганец кој го фати крстот во осветените води на Охридското Езеро. Од бродот Александрија Светиот крст го фрли владиката Тимотеј.
На овој голем празник присуствуваа голем број верници како од земјата, така и од странство.
Овогодинешниот кум Стојан Ѓоргоски на среќниот Јован ќе му подари вреден крст изработен од сребро, дрво и злато.
Крстот на Бабаче и на неговото семејство ќе му донесе среќа, бериќет и здравје.
WebOhrid