Денот на рибарите одбележан, Петар Рупески го фати бурето со црвено вино

Манифестацијата по повод празникот Богојавление – Водици во Охрид продолжи со традиционалното капење на рибарите во Охридското Езеро, со што се празнува големиот празник Собор на Св. Јован Крстител и се означи прекинот на забраната за лов на пастрмката и почетокот на нејзин излов за измолзување и вештачки мрест.

Ribari02 Ribari03

За посетителите се служеше греана ракија и вино, а можеше и да се вкусат и некои специјалитети од риба.

На денот на рибарите се капи за здравје и богат лов на рибарите.

Ribari04

Покрај многубројните капачи и годинава во вода влезе и поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере. На масовното капење на рибарите Петар Рупески од Варош беше најбрзиот што успеа да го фати бурето со црвено вино, а воедно доби и наградно патување што го обезбеди Т.А. „Вис Пој“.

Ribari05

Годинава се подготви 3,3 тони рибна чорба. За нејзиното приготвување беа задолжени професорите и учениците на Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

Ribari06

За подготовка на чорбата за Гинис беа употребени 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ и 150 килограми калифорниска пастрмка, како и 140 килограми морков, 50 килограми целер, 20 килограми пашканат, 110 литри масло, 100 килограми брашно за запршката, 200 врзалки магдонос и 20 килограми зачин и сол.

WebOhrid