Oд утре, за сите ученици во основните и средните училишта започнува второто полугодие за учебната 2012/2013. По тринеделен одмор, учениците се враќаат во училишните клупи.
На крајот од оваа учебна година се очекува спроведување на екстерното тестирање на учениците, кое се одложуваше неколку години. Со ова тестирање ќе се утврди колку наставниците и професорите објективно го оценувале знаењето на учениците.