На денешната прес конференција, која се одржа во НВО прес центарот во Скопје, Невладините Форца Египќани, Движењето ОПЕМ и Невладината Светла Иднина 2009, излегоа со став дека Египќаните се надвор од спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор, истите се надвор од интегративните процеси како и тоа дека врз нивни сограѓани, вработени по јавни претпријатија, се вршело силен притисок и психичко вознемирување, кое кулминирало со носење по митинзи и слично. Поради тоа, како што истакна Претседателот на Форца Египќани, Петрит Хусеин, размислуваат на локалните избори 2013 во Охрид, како втори по бројност, да излезат со своја независна листа за советници и Независен Кандидат за Градоначалник, а во градовите Кичево, Ресен и Струга со независни листи за советници.
Во Охрид, како носител на листата се споменува Петрит Хусеин, додека за независен кандидат за Градоначалник, се почесто се појавува името на Демир Далип, кој беше апликант за Градоначалник, во владеачката ВМРО-ДПМНЕ.
Конечниот исход, се очекува да се донесе на седница на националното координативно тело на Египќаните.