Со утринските врнежи од снег екипите на Комуналец веднаш излегоа на терен. За непречено движење на пешаците рачно се расчистуваа најфреквентните тротоари, пешачки премини и пристапни патеки до училишта, градинки и други институции, а се интервенираше со специјална механизација по коловозите каде поради специфичноста на теренот е отежнато одвивањето на сообраќајот.
Поради високата снежна покривка која во повисоките планински места изнесуваше околу 30 cm се интервенираше со специјална механизација во приградските населби: Велестово, Рамне и Елшани. Екипите остануваат мобилни со оглед на најавените врнежи кои ќе траат до сабота.