По повод 32-от роденден на македонската најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, денес ќе се одржи концерт во Спомен куќата во Крушево.
На концертот ќе учествува Андријана Јаневска која ќе испее неколку песни од Тоше, внукот на Проески, Кристијан Ристески заедно со неговата група „Бендот на Тоше“, Бени Шакири, „Некст тајм“, младата пејачка Билјана Талевска, стипендист на фондацијата „Тодор Проески“. Годинава се очекува и излегување од печат на книгата посветена на Тоше Проески, напишана од Соња Алексоска-Неделковска. Делови од книгата ќе бидат прочитани на меморијалната конференција.
Во Крушево ќе биде претставена и песната „Сето тоа е премалку за крај“ од Јелена Трифуновиќ, што Тоше ја сними во 2006 година.