Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, денес ја донесе одлуката за определување на цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата.
Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажнитецени на нафтените деривати во просек за 1,32 %, односно за 1,01 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 14.01.2013 година.
Според новата одлука, цените на горивата од полноќ се намалуваат за половина, односно еден денар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС–98 поевтинуваат за половина денари и од полноќ се точат за 81,5 односно 83 денари за литар. Дизелот ќе биде поевтин за еден денар и новата цена изнесува 71 денар за литар.
Екстра лесното масло за домаќинства исто така поевтинува за половина денар и ќе се продава за 60 денари за литар. Мазутот ќе се продава по намалена цена од 42,524 денари за килограм .