Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, денес оствари средба со театарските работници во Охрид, на која цел беше пренесување на детали од Програмата на кандидатот за оваа сфера и споделување на информации за барањата на театарските работници за подобро функционирање на Народниот театар Охрид. Ова е дел од редовната серија на средби на кандидатот Бакрачески со разни целни групи во Општината.