СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Д. (55) од Охрид за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 10.12.2012 година, во Охрид на ул. „Туристичка“, пријавената се сретнала со Ц.Н. (42) со кого се познавала и побарала да и раситни банкнота од 500 денари, а откако си заминала, Ц.Н. се обидел да ја употреби банкнотата, при што е утврдено дека се работи за фалсификат.