Две малечки пони коњчиња, едното бело, другото црно, облечени во шарени џемпери, се најдоа во најновата туристичка кампања на Шкотска.
Порталот „visitscotland.com“, кој продава туристички аранжмани за Шкотска, постави видео во кое две жени ги облекуваат двете пони коњчиња во џемпери.
Кампањата од вчера зеде замав, благодарение на ова видео кое е се повеќе и повеќе популарно, особено на Twitter.