Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден го расчистија патот до месноста Корита на Галичица. Патот е расчистен од снежните наноси и е прооден за лесни патнички возила.
Охрид е привлечен за туристите не само во летниот период, туку и во зимскиот период, и навистина ќе е жално ако нашите сограѓани и туристите не уживаат во природните убавини на Галичица.
Иако одржувањето на овој патен правец е во надлежност на „Македонија пат“, во интерес на граѓаните и бројните љубители на природата се спроведе расчистувањето на патниот правец до познатото излетничко место.