Кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, д-р. Никола Бакрачески одржа средба со автопревозниците кои дејствуваат на територијата на Општина Охрид, со цел запознавање со проблемите и изнајдување решенија.
„Се запознавме со проблемите кои што ги имаат со нетранспарентноста во објавувањето на јавните набавки во делот на автопревозот од страна на локалната самоуправа и со неадекватното извршување на работата на инспекциските служби поврзано повторно со автопревозот односно такси превозот во градот. Ги слушнав нивните размислувања и нивните предлози за решавање на овие проблеми во иднина“. – истакна д-р. Бакрачески.
Претседателот на здружението „Сонце и галеби“ – Златко Сиљаноски, рече дека е многу задоволен од денешната средба со кандидатот за Градоначалник, д-р Бакрачески.
„Ги искажавме нашите незадоволства од досегашното работење на локалната самоуправа, се надеваме дека ќе дојдеме до заеднички дијалог и ќе наидеме на едно меѓусебно разбирање и подобра соработка и една подобра иднина за сите превозници“. – изјави Сиљаноски.