Општина Охрид преку Одделението за Локален Економски Развој на крајот од Јануари 2013 година аплицираше со Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија „Европа за граѓаните”.
Апликацијата се однесува на Мерка 1 Збратимување на градови и Мерка 1.1Средби на граѓаните од збратимените градови.
Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија.
Со оваа Општина од Словенија, Општина Охрид има соработка од 2005 година и заедничкото аплицирање за еден ваков европски проект, претставува само логичното продолжение на одличната соработка помеѓу Општина Охрид и Општина Птуј и унапредување на таа соработка.
Исто така ова е прекрасна можност за промоција на Охрид во останатите земји-(партнери) на проектот, како и промоција на европските вредности и европската идеја, зближување на граѓаните од различни европски држави и размена на искуства во различни области. Од посебно значење за Нас е европското искуство и стандарди од останатите партнери во проектот, посебно од членките на Европската Унија.