Охрид ќе аплицира за „Quality Coast Award“

Како резултат на напорите што ги прави Секторот за ТЛЕР, Охрид оваа година ќе аплицира за место на престижната Меѓународна Организација, Квалити Кост (QUALITY COAST). Quality Coast е интернационална програма за доделување сертификати за одржлив туристички развој на познати светски дестинации. Од страна на оваа реномирана институција од 2007 година, 125 туристички дестинации (крајбежни градови, летувалишта и острови) од 25 земји се добитници на престижното признание Quality Coast Award.

Оваа година, на Охрид му е овозможено без финасиска контрибуција, како исклучително атрактивна туристичка дестинација да учестува во конкуренцијата за оваа награда. Со учеството во оваа меѓународна конкуренција, Охрид уште повеќе се потврдува на туристичката мапа на светот, како призната и позната туристичка дестинација.