Припадниците на АРМ ја покажаа својата спремност да интервенираат кога за тоа ќе се појави потреба. Освен противпожарни екипи и локално население, три хеликоптери од воздухопловната бригада и припадници од касарната во Прилеп учествуваа во гаснењето на пожарот кој избувна во манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“ во Прилеп.
Веднаш по барањето за помош и асистенција од Центарот за управување со кризи за справување со пожарот во манастирот Трескавец, АРМ реагираше и упати три хеликоптери кои во неколку налети истурија околу 60 тони вода. Благодарение на брзата и ефективна интервенција на хеликоптерите огнената стихија беше ставена под контрола. Изгореа конаците, а црквата и трпезаријата беа спасени.
Трескавец претставува еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.