„Прличеви Беседи 2013“

По повод одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено и чествувањето на ликот и делото на најпознатиот писател и преродбеник, од вчера започна Манифестацијата Прличеви Беседи, со промоција на книгата „Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска и артистичка изведба на Билјана Билаловиќ и Стрезо Стаматоски.

„Прличеви Беседи“ е манифестација која постои од 1952 година, започната од културните институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев.

Манифестацијата продолжува и во наредниве два дена. Денес во 12:45 ќе се одржи изложба на ликовни дела од Колекцијата на НУ Центар за култура Григор Прличев. Исто така, во 13 часот, ќе се одржи свеченост посветена на годинешниот лауреат Веле Смилевски, кој ќе има и свое свечено обраќање.

Манифестацијата продолжува утре, 6-ти февруари, а се состои од полагање цвеќе пред споменикот и гробот, прличева визита, посета на спомен куќата, со соодветна програма.

„Прличеви Беседи“ е манифестација која во градот Охрид ја одбележува Центарот за култура, Охридската библиотека, Основното училиште, Просветно дело, Друштвото на писатели, Локалната самоуправа и Министерството за култура.

WebOhrid