Реакција на раководителот на ТЛЕР при Општина Охрид на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

По денешната прес конференција на која што ВМРО-ДПМНЕ го обвини Секторот за економски развој пред се раководителот, дека е на  врвно место во неуспешното работење на Локалната самоуправа, реагираше раководителот на секторот за ТЛЕР при Општина Охрид, Гоце Симоновски.

„Категорично ги отфрлам неоснованите, исфабрикувани манипулации и лаги од неквалификувани „стручњаци“ кои имаат за цел да ја оцрнат мојата личност, работата на секторот, работата на Општина Охрид и кои сакаат да ги искористат истите за евтини политички поени во кампањата за градоначалник на град Охрид.

Ве молам во иднина Вашите сензационални соопштенија со произволни тврдења кои се во спротивност со кодексот на објективното информирање, погазувајки го начелото за пресумција на невиност и поигрувањата со судбината на луѓето, да ги насочите како што прилега, кон политички субјекти, а не кон професионалната администрација“. – стои во реакцијата од страна на раководителот на секторот ТЛЕР при Општина Охрид, Гоце Симоноски.