Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со реализирање на програмата за подигнување на нови дрвореди на сообраќајници и парковски површини, како и реконструкција на постоечките дрвореди.
Изминативе денови интензивно се работеше на оформување на нови дрвореди во „Охридати“ (дел од ул.„Славеј Планина“), како и во „Даљан“ по ул.„Миќо Гилиќ“. Засадени се 30 листопадни дрвја од видот јасен.
Следни локации каде е планирано никнување на нови дрвореди е во „Станбен комплекс Расадник“ и крак од ул.„Партизанска“.